Убиени четворица народни лидери во Колумбија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/15/20 8:37 PM

Убиени четворица народни лидери во Колумбија

Во Колумбија се убиени се четворица народни лидери, а а уште пет лица се повредени, пренесува Анадолија (АА).

Според вестите објавени во колумбискиот печат, неидентификувани вооружени лица извршиле напад врз народните лидери во областа Кутуру во североисточниот регион Ла Гуахира.

Во нападот животот го загубија 4 лица, а 5-мина се ранети.

Колумбискиот сенатор Фелисијано Валенсија на својот профил на социјалната мрежа Твитер го осуди нападот и ги повика властите да ја осигураат безбедноста на народните лидери.

Според податоците на Колумбискиот институт за развој и мировни студии (Индепаз), повеќе од 100 лидери на заедници се убиени во атентати оваа година.

Од потпишувањето на „мировниот договор“ меѓу ФАРК и државата во ноември 2016 година досега, народните водачи и активисти, кои ги бранат правата на домородните заедници, се цел на атентати.

Во знак на протест против убиствата и нападите во земјата, во јули минатата година се одржаа демонстрации во главниот град Богота и во уште 110 градови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7