ММС

Објавено на: 12/15/20 5:42 PM

Неделава и официјално ќе започне скијачката сезона на Попова Шапка

Неделава и официјално ќе започне скијачката сезона на Попова Шапка, информираа од раководството на центарот. Патеките, ски-лифтовите и жичниците се подготвени.

И без официјален старт на скијачката сезона, Попова Шапка е полна со туристи. Ски-лифтовите не работаат, но љубителтие на скијањето и пеш се качуваат по патеките само да го искусат снегот кој падна деновиве во висина и до половина метар. Снежната покривка треба што поскоро да се искористи, велат туристите, кои бараат и што поскоро да започне скијачката сезона, односно да започнат со работа ски-лифтовите и жичниците.

Од раководството на центарот, велат дека неделава и официјално ќе започне скијачката сезона.

Но со старите проблеми туристите и оваа година ќе се соочат. Стара инфраструктура и немање доволно паркинг-простор.

Од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка, велат дека неопходни се итни инвестиции во центарот.

Владата минатиот месец најави продажба или јавно-приватно партнерство, со цел за побрз развој.

(З.Д.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.