ММС

Објавено на: 12/15/20 3:21 PM

Свири во рајот, тато! Погребан таткото на Дарко Лазиќ со хармониката

Таткото на српскиот пејач Дарко Лазиќ, Милан Лазиќ, беше погребан денес во родниот Бресташ, во присуство на бројни роднини, пријатели, како и колеги на Дарко.

Курир.рс пишува дека до доагањето во дворот на црквата, свирела хармоника, а Дарко побарал од музичарот да свири на  хармониката на татко му. Откако  покојникот бил спуштен во гроб, Дарко и неговиот брат, со помош на пријател, ја спуштиле хармониката на неговиот покоен татко до ковчегот.

„Свири горе тато, свири во рајот, мој Милане“, рекол Дарко низ солзи.

Хармоникашот Милан Лазиќ почина откако неговата здравствена состојба се влоши поради операција на желудникот. Семејството знаело од почетокот дека лекарите се борат за неговиот живот и дека има малку шанси да преживее, но верувале во неговото закрепнување до последниот момент.

Извор и фото: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.