ММС

Објавено на: 12/15/20 2:42 PM

Захариева за германски Велт- 88.450 Македонци добиле бугарско државјанство врз основа на потекло изминативе 10 години

Во интервју за германскиот весник Велт, објавено денеска, Министерката за надворешни работи, Захариева , вели дека Бугарија не го негирала јазикот и идентитетот на Македонците, туку според неа процесот бил обратен ,,Тие ги негираат правата на Бугарите,“ пренесуваат Бугарските медиуми.

„Се согласувам  Димитров дека секоја нација има право на самоопределување. Но не се согласувам со тврдењето дека ние им го негираме тоа право. Тоа не е точно,“ вели таа.

Захариева тврди дека во изминатите десет години 88.450 граѓани на Македонија, добиле бугарско државјанство врз основа на нивното потекло.

На прашањето, дали има надеж да се најде компромис до крајот на годинава, кога завршува германското претседавање со ЕУ, Захариева одговара со цитат од францускиот претседател: „Квалитетот е поважен од брзината на процесот“ и бара да престане омразата. Според Захариева од 1 септември до 20 ноември биле избројани 14.699 негативни објави за Бугарија во македонските медиуми и само четири неутрални. Таа, пак, тврди дека во Бугарија, во истиот период, имало 450 позитивни извештаи за Македонија во медиумите.

novini.bg

фото-МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.