ММС

Објавено на: 12/15/20 1:34 PM

Суспензија од девет месеци за Џек Грилиш: Одземена му е возачката дозвола

Капитенот на Астон Вила и од неодамна англиски репрезентативец, Џек Грилиш, доби деветмесечна забранa за возење и ќе треба да плати казна од 82.499 фунти, поради сообраќајка со неговото возило „Range Rover“ за време на целосниот карантин во месец март, oдлучи судот во Бирмингем.

Сведок на настанот на судот му кажал дека Грилиш во моментот бил во алкохолизирана состојба, а иронијата се состои во тоа што Грилиш ден претходно на социјалната мрежа „Твитер“ објавил видео-порака преку која апелирал да се почитуваат мерките и протоколите за заштита на здравјето во време на пандемија.

Дваесет и петгодишниот фудбалер исто така е обвинет за несвесно возење, откако полициско возило го забележало како вози повеќе од 90 километри на час и над дозволената брзина на 18 октомври годинава.

 

 

 

Фото:

goal.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.