ММС

Објавено на: 12/15/20 11:29 AM

Инспекторат: Градски депонии горат и емитуваат канцерогени супстанци

Државниот инспекторат за животна средина сооппшти дека извршил надзор врз депонирањето на отпадот на повеќе општински комунални непрописни депонии.
Констатирано е дека повеќето од нив горат и емитуваат канцерогени супстанци дури и во зимскиот период, за кога овие појави се невообичаени.
-Покрај другите јавни комунални претпријатија во Арачиново, Липково и Пробиштип, валандовски ЈКП Комуналец е задолжен депонијата да ја одржува во согласност со законски утврдените минимални технички услови – ограда, чуварска служба и дневно прекривање со земја, со што депонијата е ставена под контрола и нема повеќе да чади. Надлежниот инспектор oпредели рокови за постапување: веднаш да се започне со дневно покривање на отпадот со земја, 60 дена за поставување чуварска куќичка и ангажирање чуварска служба и 90 дена за изведба на прописна ограда за да се спречи неовластен пристап, соопшти Инспекторатот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.