Најчеста пракса е задоцнет третман и примање на терапии на своја рака, велат од Кризниот штаб на Општина Тетово
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/14/20 6:47 PM

Најчеста пракса е задоцнет третман и примање на терапии на своја рака, велат од Кризниот штаб на Општина Тетово

Од Кризниот штаб на Општина Тетово сметаат дека владата треба да го прифати најновото барање на Комисијата за заразни болести со цел заштита од ширење на вирусот. Оттаму состојбата со вирусот во Тетово и натаму ја оценија како ризична

Задоцнетиот третман и примање на терапии на своја рака, само ја влошува здравствената состојба на заразените лица и се намалува нивото на  соодветно закрепнување во понатамошните фази, кога болеста веќе е развиена и е во завршна фаза, велат од Кризниот штаб на Општина Тетово. Оттаму сметаат дека владата треба да го прифати барањето на Комисијата за заразни болести за новогодишните празници да нема прослави и групни собирања како и угостителсктие објекти да работаат со скратено работно време.

Во градинките и училиштата во Општина Тетово епидемиолошката состојба во врска со Ковид 19 е следна.

Во градинките имаме 5 активни случаи 3 групи деца се во изолација. Има 12 позитивни наставници во основните училишта и 3 паралелки во домашна изолација. Во средните училишта имаме 11 позитивни професори со Ковид19 и процесот на учење на далечина продолжува да се развива според предвидениот план и динамика, а започна и постапката за државна и училишна матура, рече градоначалничката на Тетово Теута Арифи

Според прогнозите на меѓународните здравствени власти како и оние во земјата, борбата против пандемијата на covid19 ќе продолжи и во наредните месеци, затоа ги замолуваме граѓаните да бидат уште повнимателни и посовесни во идниот период, почитувајќи ги сите протоколи и мерки за заштита додаде градоначалничката Арифи.

з.д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7