Трojца загинаа, потрага по уште петмина исчезнати морнари при судар на два карго-брода во Јангцегјанг
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/14/20 4:33 PM

Трojца загинаа, потрага по уште петмина исчезнати морнари при судар на два карго-брода во Јангцегјанг

Три лица загинале во несреќа при судир на два карго брода во кинеската река Јангцегјанг, која минува низ Шангај, пренесува „Анадолија“.

Според весникот „Чајна дејли“, два карго брода „Океана“ и „Шин чи шенг 69“ се судриле во северниот дел на Шангај, каде што реката се влева во Источното Кинеско Море.

Бродот „Шин чи шенг 69“, долг 165 метри, кој превезувал 650 контејнери, по несреќата се преврте и потона.

Спасувачките екипи спасија осум морнари од 16-члениот екипаж, извлекувајќи три безживотни тела. Продолжуваат операциите за пронаоѓање на петмина исчезнати морнари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7