ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/14/18 8:11 AM

Почнува 45. издание на Галичка свадба

Со поставување на свадбарското знаме денеска во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина ќе почне 45. издание на Галичката свадба, една од најспектакуларните културни манифестации во земјата.

Младенци на годинашната манифестација се Тања Лепческа, со потекло од Галичник и Златко Димовски. Тие се избрани во конкуренција од четири пара. Лепческа од својата петта година учестува на манифестацијата, а Димовски вели дека е подготвен и добро ги совладал обичаите карактеристични за Галичката свадба.

Судбоносното „да“ младенците ќе го кажат утре во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“.

Посетителите ќе можат да проследат над 30 обичаи кои што ќе се изведуваат за време на свадбарските денови. На манифестацијата учество ќе земат околу 100 статисти облечени во автентични галички носии, КУД со околу 30 учесници, коњица и коњи со техничката поддршка, односно вкупно околу 250 луѓе.

Синоќа, на платото пред чешмата Упија во Галичник се одржа концерт на Влатко Стефановски, оперската певица Весна Ѓиновска-Илкова и групите „Тоа е тоа“ и „Бенд офф“, со што започна Галичкото културно лето.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1