ММС

Објавено на: 12/14/20 11:53 AM

Почина поранешниот тренер на Ливерпул, Жерар Улие

Поранешниот тренер на Астон Вила, Лион и Ливерпул, Жерар Улие, почина синоќа на 73-годишна возраст, известува француски „RMC“.

Улие пред три недели завршил во болница поради операција на анеуризма на аорта и во текот на вчерашниот ден бил пуштен на домашно лекување. Неговата последна порака во комуникација со новинарите од еминентниот „ L’Équipe“ била: „Тешко е, но ќе се извлечам од ова“.

Стратегот во 1988 година за првпат се приклучува како асистент-тренер на тогашниот предводник на Франција, Мишел Платини, а по неуспехот на Платини на Европското првенство во 1992 година, седнува на клупата на триколорите како главен тренер.

 

 

Фото:

theguardian.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.