ММС

Објавено на: 12/14/20 8:26 AM

Ерменските сили го прекршија примирјето во Нагорно Карабах

Четворица азербејџански војници загинаа во нападите извршени последнава недела од страна на ерменските сили што се кријат во шумската област во Нагорно Карабах, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Азербејџанското Министерство за одбрана и Државната служба за безбедност објавија заедничко соопштение во врска со прекршувањата на примирјето, извршени во последните денови во околината на местото Хадрут, што се наоѓа во Нагорно Карабах.

Во соопштението се нагласува дека по декларацијата за примирје, потпишана на 10 ноември од страна на Азербејџан, Русија и Ерменија, еден дел од Ерменските вооружени сили останал во шумската зона во северозападниот дел на местото Хадрут при областа Хоџавенд.

Во ова соопштение се потсетува дека ерменските медиуми објавиле вести дека овие вооружени сили го изгубиле својот пат во шумската област, и дека ерменските власти се јавиле во Командата на руските елементи, со цел извлекување на овие сили од регионот.

Според соопштението, азербејџанската страна ги обезбедила сите услови за повлекување на ерменските вооружени групи, а руските елементи преку звучници ги повикуваат вооружените групи, што се наоѓаат во шумската област, да се повлечат од оваа зона.

Се истакнува дека овие ерменски сили, наместо да го напуштат местото, формирале воени позиции, и во последните денови извршиле акти на тероризам и саботажа против азербејџанските цивили и војници.

Како резултат на ненадејните напади на ерменските сили врз азербејџанските војници во селото Сур, во Хоџавенд, загинаа 3 војници, додека 2 лица се повредени.

Во соопштението се наведува дека ерменските сили извршиле напад врз Азербејџанците, кои на 8 декември вршеле монтажа на комуникациска опрема во близина на местото Хадрут, при што загинал еден војник, а повреден е еден цивил кој работи за мобилна оперативна компанија.

По овие напади, Државната служба за безбедност на Азербејџан била принудена да изврши операција за борба против тероризмот во оваа зона.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.