ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/13/18 2:37 PM

Николовски: Работиме на дефинирање на процесот на откуп на грозјето и следните чекори во таа насока

Се сретнавме со лозарите пред 10 ина дена каде со повеќе од 500 лозари разговаравме три часа за сите проблеми, вкупниот впечаток од нивна страна беше дека ниту една Влада досега пред време не ја отворила темата во делот на откупот – вака одговори министерот за земјоделство, Љупчо Николовски на новинарско прашање дали и кога планира да се сретне повторно со лозарите откако тие излегоа со калкулации за производствената цена на грозјето.

„За било кои земјоделски култури оваа година субвенциите ги исплативме навреме и многу порано ги започнавме разговорите околу дефинирање на процесот на откуп така да во следните неколку дена ќе имаме средба со откупувачите и ќе имаме една заедничка на која ќе ги дефинираме следните чекори за да навремено ги носиме одлуките и да биде подготвен откупот за оваа реколта“,потенцира Николовски..

Инаку пред некој ден, пред почетокот на бербата тиквешките лозари ја пресметаа производствената цена за најзастапните сорти на грозје вранец и смедеревка. Од Здружението “Напредни лозари” посочија дека цените би требало да бидат од 15 денари за вранец и 13 за смедеревка, а побараа и сериозен откуп и рок на плаќање.

Покрај ова лозарите бараат и секоја винарија да остави банкарска гаранција и исплатата да биде што е можно побрзо зашто долг бил периодот од 6 месеци.Во меѓувреме лозарите и понатаму го повикуваат Повардарие да остане на ветувањата за исплата на грозјето,откако го пробиле рокот до 15 јуни.

Пред некој ден земјоделците започнаа со берба на најраните сорти на трпезно грозје „ранка“ и „прима“, а се очекува да започне и бербата на познатиот„кардинал“ и „кармен“.Цената за килограм бела ранка е 30 денари која за лозарите не е доволно и стравуваат дека и оваа година родот ќе им биде откупен по ниски цени.

 

Билјана Тошевски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1