ММС

Објавено на: 12/13/20 4:57 PM

25 починати, 613 ново случаи на Ковид 19

Од вкупно 1837 направени тестови во последните 24 часа, во државата се регистрирани нови 613 случаи позитивни на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Од таму  додават дека во Институтот за јавно здравје се регистрирани 688 пациенти, односно 25 пациент починале.

Најголемиот број на новозаразени се во Скопје, вкупно 204 лица, по што следат Кавадарци со 38,  Куманово-35, Тетово-29, Прилеп и Охрид со по 27, Гостивар и Велес по 24, Битола-23, Штип-20,Гевгелија и Струга по 19. По 15 новозаразени има во Неготино и во Свети Николе, 12 во Берово, 11 во Кочани и во Кичево, девет во Струмица, по осум во Крива Паланка и Радовиш, седум во Ресен, четири во Делчево, три во Пробиштип, по два во Валандово и Македонски брод, по еден во пехчево и Виница.

Главниот град е и со  најголем број на оздравени,  251. Во Куманово таа бројка изнесува 38, Дебар-3, Штип-39, Прилеп-45,  Тетово-41, Струга-18, Велес-29, Битола-43, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-32, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Демир Хисар-7, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Свети Николе-6, Кичево-18, Ресен-7 и Неготино-9.

– Од починатите лица осум пациенти се од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71г), двајца од Куманово (86 и 87г), еден од Прилеп (77г), двајца од Велес (68 и 61г), тројца пациенти од Битола (54, 67 и 57г), еден од Кавадарци (68г), тројца од Гостивар (60, 75 и 59г), еден од Гевгелија (71г), еден од Струмица (47г), еден од Радовиш (53г), еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73638, бројката на оздравени пациенти е 49414, на починати е 2121, а бројот на активни случаи изнесува 22103. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 31757, активни 11369
  • Куманово 4268, активни 658
  • Дебар 562, активни 165
  • Штип 3065, активни 466
  • Прилеп 3669, активни 944
  • Тетово 4394, активни 984
  • Струга 1781, активни 458
  • Велес 2446, активни 689
  • Битола 2654, активни 889
  • Охрид 2044, активни 620
  • Кавадарци 1697, активни 637
  • Гостивар 3078, активни 834
  • Гевгелија 945, активни 298 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 158 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 2005, активни 576
  • Крива Паланка 526, активни 128
  • Радовиш 520, активни 133
  • Крушево 151, активни 73
  • Кочани 1427, активни 260
  • Пробиштип 405, активни 68
  • Демир Хисар 218, активни 48
  • Македонски Брод 198, активни 36
  • Пехчево 120, активни 23
  • Берово 453, активни 105
  • Валандово 254, активни 59
  • Виница 418, активни 124
  • Делчево 602, активни 291 (170 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 172, активни 27
  • Свети Николе 980, активни 210
  • Кичево 1448, активни 374
  • Ресен 563, активни 186
  • Неготино 818, активни 371 (123 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1837 теста се преку: ИЈЗ-759, ЦЈЗ Скопје-32,  Авицена-229, Биотек-158, МАНУ -158,  Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -181, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-96, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-9, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -71, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 364.858 тестирања на Ковид -19.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.