ММС

Објавено на: 12/13/20 11:31 AM

Приведен 20 годишен Kосовец поради фалсификувана словенечка патна исправа и лична карта

Вчера во 11,45 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром” Скопје од полициски службеници бил приведен Л.К.(20) од Р.Косово бидејќи по извршената проверка било констатирано дека, словенечката патна исправа и лична карта кои пријавениот ги приложил се фалсификувани, а при извршениот преглед во неговиот багаж била пронајдена и фалсификувана словенечка возачка дозвола на негово име, за кои пријавениот изјавил дека ги набавил од лице во Косовска Митровица,Р.Косово.

Лицето е предадено на полициски службеници од Одделениети за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Скопје и за настанот бил известен јавен обвинител за понатамошна постапка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.