ММС

Објавено на: 12/12/20 10:12 PM

Цел живот сакав да си направам ваква фризура – Хуманитарна акција за помош на Атиџе

Кутија за донации, колачи, слатко, уметнички слики.., сето тоа денес можеше да се купи во „Бифе Тафталиџе“ во Скопје, а со тоа и да и се помогне на хероината Атиџе Муратова. Организатор на ова матине беше пејачката и водителка Сузана Турунџиева, која од неодамна реши да и подаде рака на Атиџе, која со својата скромност ја претстави државата ширум светот, но сега живее од социјална помош.

Атиџе собраните пари ќе ги потроши за да купи нешто покуќнина. Сузе вели дека не се многу пари, но се доволни за почеток за да помогнат на Атиџе.

– Навистина им благодарам на сите кои дојдоа денес, што покажаа дека и во услови на пандемија и социјална дистанца, можеме да се зближиме и обединиме кога станува збор за човек како Атиџе. Огромна бвлагодарност за сите кои од далеку нарачаа многу работи а не можеа да дојдот. Значи ако сакаш можеш. За време на настанот добив нарачки да ги дистрибуирам кај луѓе од Австралија до Америка. Идејата беше спонтана, на инцијатива на Саша Шотаровски, кој во неговорто кафуле собира гости кои може да донираат, на Марија, која ги отпечати маските со нејзиниот лик и со пораката:

„Ако еден ги прекрши правилата, сите ја плаќаме цената“.

Атиџе на настанот дојде разубавена, со фризура а забележливо беше и дека почнала да ги средува забите, кои и беа упропастени кога, како што таа за ММС кажа, ја напрадна кучето на соседот.

-Јас бев иницијатор да тргнеме со најважните работи за човек, ообено за жена, да ги средиме нејзините заби. Атиџе во животот само еднаш била на стоматолог, кога иамла 19 години,  таа свати дека мене ми е важно нејзиното здравје, а не  нејзиниот изглед, бидејќи на неа и е убава душата. Светот ја засака таква каква што ја видовме прв пат. Но, кога видов колку многу лесно прифати да и помогнам околу шминката и фризурата, тогаш сватив дека во целост ќе успеам да и презентирам на јавноста една потполно нова Атиџе. Таа ги прави забите и соработува многу. И таа сака да има холувудска насмевка благодарение на која самата чувствува колку полесно пее. Носи протеза и во голема мера забите и се исправени, на што многу се радува бидејки ја забележува промената секој ден, додава Сузе.

Вистина Атиџе на настанот дојде и со протеза, на шминкана и со фризура, која како што вели цел живот сакала вака да ја направи.

-Многу сум среќна за ова што се случуваше денес. Запознав многу нови убави луѓе. А кога луѓето околу мене се среќни и јас се радувам.  Многу се израдував на фризурата, одсекогаш сум сакала да имам таква фризура. А со парите ќе си купам ќебиња, тенџериња и уште едни шољи за кафе, вели Атиџе.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.