ММС

Објавено на: 12/12/20 9:25 PM

Вакцината на Фајзер одобрена и за пилоти и контролори на летови

Американската федерална управа за авијација на САД (ФАА) одобри употреба на вакцината Фајзер и БионТек против коронавирусот, за пилотите и контролорите на лет. Испораката на вакцини ќе започне утре.

Од ФАА соопштија дека пилотите и контролорите не смеат да летаат ниту пак да извршуваат каква било должност во врска со безбедноста 48 часа по вакцинацијата. Управата напоменува дека ќе ја следи реакцијата на вакцината и можно е да ја прилагоди својата политика доколку биде потребно за да се осигури безбедноста.

Во меѓувреме, првата испорака на вакцината против коронавирусот ќе стигне во понеделник на 145 локации ширум земјата.

За потсетување, Америка вчера ја одобри вакцината против коронавирусот на компанијата Фајзер, а испораката почнува утре.

 

 

Извор: nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.