ММС

Објавено на: 12/12/20 5:00 PM

Расплакани шампиони: Поранешните соиграчи го носеа ковчегот на Роси (Видео)

Италија се збогува со Паоло Роси кој денеска беше погребан. Ковчегот беше изложен на стадионот Ромео Менти во Виченца, а илјадници луѓе го испратија Паоло на неговото последно патување. При тоа, беше организирана и поворка која се движеше покрај ковчегот, кој пак, до катедралата го носеа играчите на спортската ѕвезда од 1982, Марко Тардели, Антонио Кабрини, Џузепе Бергоми, Фулвио Коловати, Џанкарло Антониони, Алесандро Алтобели и Франко Каузио.

Наместо како вообичаено, да има фотографии од покојникот, на влезот од катедралата беше поставена насловната страна од De lo sport од 12. Јули 1982 со наслов „СВЕТСКИ ШАМПИОНИ“.

Паоло Роси почина во четвртокот на шеесет и четиригодишна возраст по долгата борба со рак на белите дробови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.