ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/12/20 8:22 AM

Речиси 22.000 активни случаи во земјава, вкупно починати 2.077 од почетокот на пандемијата

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 1161 случај на заразени со Ковид-19, со што бројката на активни случаи во државава се искачи на 21 797. Сепак, според надлежните, болниците располагаат со слободни кревети.

Новорегистрираните се од направени 3114 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје – 410, по што следат  Битола  со 75, Прилеп – 59, Тетово – 58, Куманово – 54, Штип – 54, Велес – 55, Охрид – 51, Кавадарци – 55,….

Според Институтот за јавно здравје вчера беа регистрирани 806 оздравени пациенти, а

починаа 26 лица во болнички услови.

Болниците се уште располагаат со слободни кревети. Заклучно со вчерашниот ден, во ковид центрите низ државата има околу 150 празни болнички кревети.

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во болниците низ државата вкупно се лекуваат 1 340 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.  Во ковид центрите во Скопје вчера беа хоспитализирани 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а се лекуваат вкупно 510 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Вкупно 24 оздравени пациенти беа пуштени дома во текот на вчершаниот ден.

Во однос на останатите градови низ земјава, во вчерашниот извештај се наведува дека во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти, а во болницата во Штип 56 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово 45 пациенти, во Велес 56, а во Куманово 114 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 106, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 33 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 18 во Кичево 10, Кавадарци 56,  во  Гевгелија 11 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Надлежните појаснуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Од Министерството за здравство наведуваат дека се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Потенцираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Од почетокот на епидемијата, вкупно има 72044 дијагностицирани лица со ковид. Досега оздравеле 48170 пациенти, а вкупната бројка на починати е 2077.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1