ММС

Објавено на: 12/11/20 5:54 PM

Арсенал и Милан извисија, Собошлаи преминува во германскиот „Ред Бул“

Еден од најатрактивните млади фудбалери на денешницава, унгарскиот репрезентативец и фудбалер на Ред Бул Салзбург, ќе ја промени средината во јануари.

Доминик Собошлаи заминува во „сестринскиот“ клуб на Салзбург во Бундеслигата, Лајпциг, иако за него уште во јануарскиот преоден рок ќе се бореа повеќе екипи меѓу кои Милан и Арсенал.

Лајпциг и Салзбург се очекува дека следната седмица ќе го финализираат договорот кој ќе го остави дваесетгодишниот играч четири сезони во Германија, а австрискиот клуб за неговите услуги ќе добие 25 милиони евра.

Ваквиот шаблон не е непознат, со оглед на блиските релации и истата сопственичка структура на двата тима.  Претходно Гулаши, Кеита, Хаидара, Хванг, Лаимер и Упамекано, го направија истиот чекор.

Во 19 настапи сезона Собошлаи има забележано осум голови и девет асистенции.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.