ММС

Објавено на: 12/11/20 1:50 PM

Над 65 илјади Македонци добиле бугарско државјанство во последните 10 години

Вкупно 65.675 македонски граѓани добиле бугарско државјанство во последните 10 години,  а 6712 само оваа, 2020 година. Ова денеска во бугарскиот парламент го истаклала министерка за правда, Деислава Ахкладова, а пренесува бугарски „Дневник“.

– Од први јануари 2010 година до 22 октомври оваа година, 77.829 Македонци побарале да добијат бугарско државјанство, а 77.726 од нив се по основ на бугарско потекло. За истиот период бугарско државјанство добиле 65.675 македонци, одговорила Ахкалдова на прашање во парламентот.

Прашањето го поставил пратеникот од владеачката ГЕРБ, Христо Гаџев, кој коментирал дека додека на македонците со бугарското државјанство им се дозволува да станат „европски граѓани“, во С.Македонија се водела непопустлива политика кон Бугарија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.