ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/13/18 10:49 AM

„Game of Thrones“ со 22 номинации за Еми наградите

Со  22 номинации, серијата „Игра на троновите“ води во трката за годинешните Еми награди, кои се доделуваат за најдобрите производи во американската телевизиска индустрија.Седмата сезона на серијата, е номинирана во категориите за најдобра драма, како и во трка за актерските награди со номинации за Питер Динклиџ, Лина Хедли, Диана Риг и Николај Костер-Волдо.

Зад „Игра на троновите“ следуваат другата популарна драма на ХБО, „Вестворлд“, како и комичното шоу „Saturday Night Live“ кои имаат по 21 номинација. Дистописката „Приказна на робинката“ освои 20 номинации за втората сезона од серијата.

Најголем победник е стриминг сервисот „Netflix“ кои имаат најмногу номинации за своите телевизиски производи – вкупно 112. Тие се подобри од HBO, кои имаат 108 номинации, додека далеку на третото место е NBC со 78 номинации. Ова е прв пат по 18 години кога листата на номинации не ја предводи кабелска мрежа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1