ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/13/18 10:25 AM

Роналдо не сакал во Торино, ама таму завршил откако го одбиле два гиганти!

Кристијано Роналдо, најдобриот светски фудбалер во моментов и петкратен освојувач на „златната топка“ пред три дена и официјално стана нов член на италијански Јувентус за 105 милиони евра вреден трансфер од Реал Мадрид, иако на Португалецот прва желба не му била Торино.

Иако шпански медиуми открија дека Роналдо од дете навивал за „старата дама“, а бил воодушевен од аплаузите што ги доби за мајсторијата со евроголот со ножички во изминатата сезона во Лигата на шампионите токму на „Алијанц“ во Торино против Јувентус, сепак Роналдо имал поинакви желби, само што никој не го сакал, па завршил на Апенините.

Дел од шпанските и англиските медиуми објавија дека Роналдо пред да потпише за Јувентус, побарал од неговиот менаџер Жорге Мендеш да преговара со уште два клуба, каде сакал многу повеќе да игра. Тоа биле француски ПСЖ и англиски Манчестер јунајтед, од каде во 2009 година дојде во Мадрид.

Но, преговорите на Мендеш со ПСЖ и Манчестер јунајтед експресно пропаднале. Ни еден од двата клуба не сакал да плати 100 милиони евра за трансфер, затоа што сметале дека тоа се премногу пари за 33-годишен фудбалер, без оглед на неговата популарност и сите погодности на маркетиншки и фудбалски план што ги носи Португалецот.

Откако бил одбиен од овие два клуба, Роналдо конечно се решил за Јувентус и потпишал четиригодишен договор вреден вкупно 120 милиони евра или по 30 милиони евра од сезона. Мендеш вчера најави дека Јувентус е последниот клуб во кариерата на најдобриот светски фудбалер и дека Роналдо планира да го одработи до крај.

 

Преземено од:sport1


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1