ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/10/20 3:36 PM

Со хуманитарна акција ќе се градат пет куќи за сиромашни семејства во гостиварско Чајле

Соселаните, печалбарите и локални компании преку хуманитарна акција ќе изградат пет објекти за домување на сиромашни и социјално загрозени семејства во гостиварското село Чајле.

Жителите на селото Чајле, едно побројните населени места во гостиварската општина, преку иницијатива на месната заедница деновиве ги утврдија активностите и планот со кој пет семејства ќе добијат нови и пристојни живеалишта.

Претседателот на мз Чајле, Синан Елези на мала церемонија во присуство на локалниот муфтија го означи почетокот на изградбата на две куќи. Елези искажа јавна благодарност до иселениците кои помогнале во прибирањето на средства.

– Нашите сонародниците преку швајцарската фондација за развој „Чајла“, покажаа хуманост и тие заедно поддржани од локални компании, ни влеваат надеж дека ќе се соберат потребните средства. Денес започнавме со две, а напролет и останатите од планираните вкупно пет куќи, рече Елези.

Во име на Фондацијата за развој Чајла, активноста во татковината ја поздрави претставникот Сафет Реџепи. Тој се им заблагодари на иницијаторите кои воделе сметка помошта од дијаспората да стигне до оние на кои најмногу им треба. Реџепи во оваа прилика најави и финансирање на изградбата на објект во кој ќе се чуваат алати и машини кои се употребуваат за одржување на хигиената во селото и поправки на инфраструктурата.

Компанијата Бини Транс од село Лакавица, бесплатно ќе ги даваат нивните услуги, нагласија од мз Чајле, и упатија апел и поединци кои сакаат да донираат средства, да ги контактираат.

з. г. м.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7