ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/10/20 3:04 PM

„24 Мај“ е ден на бугарската азбука и словенската книжевност, изгласа бугарскиот парламент

Бугарскиот портал offnews.bg јави дека денес во парламентот  пратениците изгласале за преименување на  „24 Мај“ во ден Ден на бугарското образование и култура и словенско писмо.

Текстот го пренесуваме во целост:

Пратениците го преименуваа 24 мај.  Сега празникот е „24 мај – Ден на бугарското образование и култура и словенско писмо“. Отсега ќе се вели: „24 Мај – Ден на светите браќа Кирил и Методиј, за бугарската азбука, образование и култура и за словенската литература“.  Предлогот го дадоа Обединетите патриоти.  Тоа беше воведено како измена и дополнување на текст во Законот за работни односи.

Мнозинството гласаше „за“ и одлуката беше усвоена. Тоа е конечно.

Георги Гоков од БСП се спротивстави на тоа. Законот за работни односи не е место за решавање на историски спорови – убеден е тој. Според него, овој потег нема за цел да изгради национална самодоверба и патриотизам, туку да го одвлече вниманието на бугарското општество од сегашните проблеми.

Милен Михов од Обединетите патриоти ја спореди позицијата на БСП со изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, во која тој рече дека словенското писмо дошло во Русија од македонските земји. ОП се категорични дека формулацијата што ја нудат е целосно пробугарска.

Единствено што ќе постигнете е празниците да се појавуваат на српска, македонска и друга азбука, сумираше социјалистот Таско Ерменков. БСП инсистира да се одржи широка јавна дискусија пред да се смени името на празникот.

Извор: offnews.bg


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1