ММС

Објавено на: 12/10/20 3:52 PM

Гугл со емотивно видео ја сумираше 2020 година

Гугл (Google) ја направи најверојатно најсовршената претстава за оваа година која многу од нас посакуваат да не се повтори.

Во три минутното видео ги споделија најчесто поставуваните прашања, како: Зошто вирусот се вика Ковид-19? Зошто е важно да се биде солидарен? Зошто е важна демократијата? Што значи „Black Lives Matter“?

Луѓето поставувале прашања и за најосновните проблематики оваа година (Зошто се укинати сите летови? Зошто небото е портокалово? (однесувајќи се на пожарите); Зошто луѓето протестираат?), па дури и оние по малку бизарните (Зошто снемува тоалетна хартија?).

Сите овие прашања се одраз на настаните кои ја кренаа на нозе светската популација и кои ни ги превртеа животите наопаку.

Покрај бројните пребарувани прашања, во видеото се прикажани и сцени од најболните моменти од оваа година. Прикажани се сцени од моментите кога жалевме за прераната смрт на Коби, но и моменти од големите пожари кои зафатија неколу предели и секако болните емотивни моменти од животите на луѓето кои беа разделени или ги изгубија своите сакани поради пандемијата.

За трошка надеж и мисла за подобра 2021ва,  во дел од видеото има и сцени од среќни моменти на луѓето кои исто така вирално се раширија на интернет.

Совршеното сумирање на Гугл на годинава која изминува можете да го погледнете во приложеното видео.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.