ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/10/20 1:09 PM

Од Нова година и на Британците ќе им треба виза за влез во ЕУ?

Клемон Бон, францускиот државен секретар за европски прашања, изјави денес дека на британските државјани по Брегзит можеби ќе им бидат потребни визи, доколку сакаат да престојуваат подолго од три месеци во некоја од земјите-членки на ЕУ.

Тој додал дека се уште се преговара за таа идеја, пренесува „Ројтерс“.

На британските туристи, пак, веројатно ќе им биде забранет влез во ЕУ поради сегашните ограничувачки мерки поврзани коронавирусот. Од Европската комисија најавиле дека Обединетото Кралство нема да биде исклучок, пренесува „Гардијан“.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1