ММС

Објавено на: 12/10/20 12:27 PM

Го има дури и ова: Ресторан во Богота служи хамбургер покриен со злато, чини 47 евра

Ресторан во главниот колумбиски град Богота на своето мени стави ексцентричен додаток во храната со цел да привлече поголем број посетители за време на таканаречената нова нормала во Богота поради Ковид-19, нудејќи им на гостите златен хамбургер, јавува Анадолија (AA).

Колумбискиот ресторан „Торо МекКој“, кој е присутен во два града во земјата, во Букараманга и во главниот град Богота, во менито нуди ново парче луксуз – хамбургер, кој заедно со неговите придружни состојки е збогатен и со листови од 24-каратно злато.

Готвачите од ресторанот во Богота за Агенција Анадолија (АА) го покажаа процесот на подготвување на хамбургерот, во кој се користат пет листа злато увезени од Соединетите Американски Држави (САД). Секој лист има дебелина од 0,0015 милиметри, а процесот на поставување на златните листови е покомплексен отколку што се чини.

Златниот хамбургер чини 200.000 пезоси (околу 47 евра), а ресторанот е фокусиран кон понудата на различни гастрономски искуства за клиентите.

Откако ќе одлучат за одреден производ кој сакаат да го понудат, готвачите ги избираат состојките, пробуваат разни комбинации и се одлучуваат за оние состојки во рецептот кои оставаат најсилен впечаток на вкусови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.