ММС

Објавено на: 12/9/20 10:41 PM

Штитат од корона, но ја иритираат кожата: Како да се справите со овој проблем со заштитните маски

На почетокот на оваа година, никој не можеше да претпостави дека во светот секојдневно ќе се носат заштитни маски. Тие веќе станаа вообичаена работа, но она што за многумина е проблем е иритацијата на кожата на лицето што се предизвикува токму од маските. Иако тие штитат од коронавирусот, дефинитивно не се корисни за кожата, бидејќи ја оштетуваат и предизвикуваат иритација или воспаление.

Освен тоа, маските создаваат идеални услови за создавање акни, како и други проблеми. Поради тоа што маските и понатаму ни се потребни, важно е да научиме како правилно да ја негуваме кожата.

Како да избегнеме иритација?

Носете памучна маска

Не се сите маски исти кога е во прашање одржувањето на здравјето на кожата. Памучните маски за разлика од синтетичките, можат многу повеќе да го намалат ризикот од иритација на кожата. Памучните маски се исто така корисни за луѓето што се потат во пределот на лицето, бидејќи потта може да го интензивира проблемот со иритацијата и акните.

Избегнувајте шминка, но користете креми

Експертите советуваат да избегнувате да бидете нашминкани додека носите маска. Шминката може да ги блокира порите и така предизвикува иритација. Со оглед на тоа дека лицето секако не се гледа под маската, добро е да и’ дадете на вашата кожа шанса за одмор од шминкањето. Дерматолозите советуваат дека и покрај ова, секогаш треба да нанесете хидратантна крема со заштитен фактор.

Кога ќе ја тргнете маската, исчистете ја кожата

Како што треба да го подготвите лицето за носење маска со нанесување хидратантна крема, така треба да се грижите за кожата и откако ќе се ослободите од маската. По темелното миење раце, исчистете го целосно лицето со нежно средство со таква намена. На овој начин ќе се ослободите од маснотиите и од насобраните нечистотии. По чистењето, повторно можете да нанесете хидратантна крема.

Редовно и правилно перете ја маската

Маската треба редовно да се пере. Одберете соодветно и нежно средство или сапун за да избегнете да се случи иритација на кожата.

 

Извор:  pink.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1