ММС

Објавено на: 12/9/20 8:30 PM

Црвена Ѕвезда му се заблагодари на Тејлор Рочести

Вториот мандат на американскиот кошаркар во редовите на Црвена Ѕвезда се покажа како неуспешен експеримент. Белградскиот евролигаш му се заблагодари на Тејлор Рочести и го ослободи од понатамошните обврски со клубот по истекот на двомесечниот ветерански договор.

Рочести забележа девет настапи во Евролигата за српскиот клуб, додавајќи на свое конто 3.9 поени во просеч по меч и две асистенции, или со други зборови недоволно за исполнување на овосезонските амбиции на црвено-белите. На бекот ова му беше „втора епизода“ во Ѕвезда по онаа во 2017/2018 година.

Минатата кампања Рочести ја помина со грчкиот шампион Олимпијакос, каде што забележа 21 настап во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување.

 

 

 

Фото:

aba-liga.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.