ММС

Објавено на: 12/9/20 6:00 PM

Надомест на патни трошоци ќе добиваат судиите кои работат во една, а живеат во друга општина

Судијката Корнелија Давчева застанува на чело на Апелациониот суд Штип – одлучи денеска Судскиот совет на Република Северна Македонија. Според одлуките донесени на денешната седница, судијата Беким Мехмеди ќе претседателствува со Апелационен суд Гостивар, а Мирослав Георгиевски е избран за судија на Основен суд Кратово.

Судскиот совет донесе одлуки и за избор на судии поротници на Основен граѓански суд Скопје, Основен суд Велес и Основен суд Штип и за престанок на судиии поротници на Основен суд Велес, Основен суд Штип, Основен суд Струга и Основен суд Дебар.

Советот одлучи и дека судиите што живеат во една, а работат во друга општина ќе добијат надомест на патни трошоци.

Воедно беа разгледани и оценети извештаите на судовите во Република Северна Македонија, за третото тромесечие за 2020 година.

Во однос на формирањето на комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, јавноста беше исклучена.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.