ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/13/18 9:54 AM

Сообраќајка во Ѓорче, повредени двајца полицајци

Возач на возило сопственост на МВР и двајца полицајци се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера утрината во 09 часот и 45 минути на улицата „Ѓорче Петров“.

Од полицијата информираат дека во сообраќајнаta незгода учествувале товарно моторно возило „Фолксваген  транспортер“ (сопственост на МВР на РМ) управувано од Б.С.(31) и патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од 18- годишниот А.С од село Сарај-скопско.

-Во сообраќајната незгода со повреди се здобиле Б.С. и уште двајца полициски службеници, информираат од МВР.

Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1