ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/9/20 4:29 PM

Напаѓачот во улога на жртва – откако му се закани по живот, Стојанов Коцка сега го тужи Гаврилов

По заедничката тужба со Роберт Димитров – Роби, нова тужба против управителот на Канал 77, Горан Гаврилов поднесе неговиот напаѓач, Горан Стојанов – Коцка. Во првата тужба со Роби, Стојанов Коцка бара судот да го осуди Гаврилов за навреда и клевета, додека со најновата, за делото „Загрозување на сигурноста“.

Оваа тужба всушност е контранапад и контратужба откако Горан Гаврилов во приватна тужба преку суд бара да одговара Стојанов Коцка, по упатените заканите по живот на Гаврилов и вербалните напади од 14 мај годинава. Со новата прватна тужба од напаѓачот Стојанов Коцка се става во позиција на жртва и со искази на негови сведоци, кои ги предлага, бара судот да го осуди Гаврилов за загрозување на сигурноста.

При тоа, оваа тужба следи кратко време откако Гаврилов му поднесува на Стојанов Коцка тужба за нападите и заканите по живот на Гаврилов. Коинциденција или не, ист адвокат го застапува напаѓачот Стојанов Коцка и во неговата приватна тужба и во заедничката со Роберт Димитров – Роби против Горан Гаврилов.

На денешната расправа по оваа тужба во Основниот суд во Штип, предложено е спојување на двата предмети. Судот ќе одлучи како ќе постапува понатаму и дали еден судија ќе одлучува во следна постапка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7