ММС

Објавено на: 12/9/20 7:08 AM

Време: Денеска дожд, на планините и снег

Времето денеска, според УХМР, ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд (над 20 л/м2) , а на повисоките планини од снег. Од вечерните часови на места во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Минималните температури над нулата, максималната до 13 степени.

Во деновите потоа ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег, наутро со услови за магла во котлините. Температурите ќе бидат слични со денешната.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.