ММС

Објавено на: 12/8/20 8:37 PM

Во Аргентина се планира да се печатат банкноти со ликот на Марадона

Аргентина планира да печати банкноти со ликот на светски познатата фудбалска ѕвезда Диего Марадона, кој почина пред две недели, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во предлогот поднесен до Парламентот од страна на сенаторот Норма Дуранго, ликот на Марадона, кој почина на 60-годишна возраст, да биде печатена на банкнотите од илјада песози и на поштенска марка.

Според информациите во аргентинските медиуми на предната страна од банкнотата ќе се наоѓа портретот на Диего Марадона, а на задната страна од банкнотата вториот гол што го постигна против Англија на Светскиот куп на ФИФА во 1986 година, на која триумфираше Аргентина.

Коментирајќи го планот Дуранго рече: „Целта на овој предлог не е само да го промовираме нашиот најголем идол. Ние исто така сакаме да оствариме и економски приход. Според нашето мислење, секој турист што ќе дојде во Аргентина, земјата ќе ја напушти со ликот на Марадона.“

Одлуката за предлогот се очекува да се донесе во првата половина на новата година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.