ММС

Објавено на: 12/7/20 5:52 PM

Американци дизајнираа уникатна маска за заштита од коронавирусот: Штити и од аерозагадување и го крие идентитетот

Заштитните маски и визирите кои ги користиме веќе со месеци не се баш најсоодветни за носење – тврди американската старт ап компанија Blanc, од каде развија сопствен модел на маска. Ваквата маска има уникатен односно единствен дизајн, па креаторите се надеваат дека нивниот изум особено ќе им се допадне на децата и младите кои не се склони на носење заштитна маска.

Маската, која повеќе личи на кацига се состои од два дела кои се спојуваат со магнети. Таа е опремена со два филтра и оној којшто ја носи може цели две недели да биде заштитен не само од вируси и од бактерии, туку и од загадениот воздух.

Произведувачот истакнува дека маската создава херметичка заштита од 180 степени, додека истовремено овозможува природно дишење. Оној што ќе ја носи маската истворемено ќе има можност и за криење на идентитетот, бидејќи целосно ќе биде оневозможено препознавање на лицето.

Колку и да изгледа бизарно, маската веќе предизвика голема заинтересираност. Испораката почнува од март идната година, а цената ќе зависи од самиот пакет за којшто купувачот ќе се определи. Во моментот најниската цена по парче изнесува 70 долари.

Инаку, во компанијата не се грижат дека ќе останат без работа по пандемијата со коронавирусот, бидејќи тврдат дека маската ќе стане вистински моден аксесоар кој луѓето ќе го користат при големо аерозагадување.

 

Извор: telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.