ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/12/18 2:24 PM

Тетово: На отворено се продаваат месни и млечни производи, лекарите советуваат да не се конзумираат

 

И покрај високите температури, во Тетово и летово на отворени места се продаваат производи од месо, јајца и месо. Лекарите препорачуваат да се избегнуваат ваквите производи, а истите кои се продаваат надвор воопшто да не се конзумираат, поради чести појави на труење со храна.

Поради лесното размножување на бактерии, во летниот период здравствените работници советуваат да се избегнува храна која е подложна на расипување, а која често може да се забележи низ пазарите низ полошко, како се продава на отворено. Тие советуваат во овој период од годината, граѓаните да внимаваат на хигиената за да не дојде до труење.

Да се избегнуваат мајонезите, разни сосови, кремови кои содржат јајца и слично. Сладоледот да се конзумира, ако се купи од сигурни продажни места.

Симптомите на труење со храна се јавуваат неколку часа по внесување на загаденото јадење или пиење, а може да траат еден до 10 дена. Кај заболениот се јавува гадење, повраќање, дијареа, болки во стомакот, можна е висока температура, како и општа слабост на организмот. Кај бремените жени и постарите лица, при труење со храна се јавуваат потеши симптоми.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1