Следната година навестува хуманитарна катастрофа и затоа богатите земји не смеат да ги „прегазат“ посиромашните во стампедо со вакцини во обид да ја поттиснат пандемијата – предупредија официјалните претставници на ООН на Генералното собрание на Организацијата. Светската организација побара 35 милијарди долари за програми за помош.
Директорот на Светската програма за храна (WFP), Дејвид Бизли и директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Геберјесус говореа на посебната седница посветена на пандемијата со ковид-19 која изби пред една година во Кина, а денес веќе се заразени оклу 65 милиони луѓе ширум светот. Пандемијата и мерките што ги презедоа владите во обид да го спречат ширењето на коронавирусот го зголемија за 40 проценти бројот на луѓе на кои им е потребна хуманитарна помош – предупреди Организацијата на обединетите нации. Оттаму побараа 35 милијарди долари за програмите за помош.
-Годината 2021. ќе биде катастрофална, ако го имаме предвид она што го гледаме денес – изјави Бизли предупредувајќи дека гладот „чука на вратата“ на десетици земји. Во 2021. година е можно да се случи најлошата хуманитарна криза откако се основани „Обединетите нации“ пред 75 години и ние нема да бидеме во состојба да финансираме се’. Ќе мораме да донесеме приоритети.
Главниот секретар на ООН, Антонио Гутереш и неговите најблиски соработници исто така ги повикаа владите да направат се’, за да може вакцината против ковид-19 да им биде достапна на сите, а богатие држави ги повикаа да им помогнат на земјите во развој во борбата против пандемијата и опоравувањето од неа. Тедрос повика итно да се „вбризгаат“ 4,3 милијарди долари во светската програма за распределба на вакцините.
Ние едноставно не можеме да прифатиме свет во кој богaтите и моќните се во стампедо за набавка на вакцина, а сиромашните се маргинализирани – изјави Тедрос.
Ова е глобална криза и затоа решенијата, како и јавните добра, мора да ги делиме праведно – заклучи тој.
Фото: MCIPAC
Извор: nova.rs