ММС

Објавено на: 12/4/20 5:52 PM

Кој не носи маска, ќе си плати казна од 66 евра: Хрватска со нови законски измени

Хрватскиот парламент денес ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на граѓаните од заразни болести, со што се отвори можноста да се почне со казнување на оние кои не се придржуваат кон епидемиолошките мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Казните се предвидени за неправилно носење заштитна маска или организирање домашна забава со повеќе од 10 лица. Ќе се казнува и за прекршувањето на останатите мерки.

За неправилно носење или за неносење маска, предвидената казна изнесува 500 куни (околу 66) евра, а правните лица за непочитување на мерките ќе бидат казнети со износ од 10 000 до 40 000 куни (од околу 1300 до 5300 евра) – објавија хрватските медиуми.

 

Извор:  blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.