Оглас за вработување во „Македонска Пошта“ среде кампања за локални избори: Во Штип се бараат 13 пошторазнесувачи
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/4/20 5:19 PM

Оглас за вработување во „Македонска Пошта“ среде кампања за локални избори: Во Штип се бараат 13 пошторазнесувачи

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски објави статус на неговиот профил на Фејсбук дека Македонска Пошта распишала оглас за вработување на 280 пошторазнесувачи на неопределено време.

„Заради пречестото добивање на многу датуми одеднаш, кои ЕУ, Брисел, Софија и Париз почнале на Заев да му ги праќаат како препорачани писма, “богатата и незадолжена” Македонска Пошта распиша оглас за вработување на 280 пошторазнесувачи.  Нето плата е 17.656 денари, што значи бруто е 26.000 денари, а за буџетот тоа ќе значат нови 120.000 евра месечни расходи. Трошокот од овие 280 вработувања само за следната 2021 година државата ја чини 1.440.000 евра, пари на даночните обврзници. Во момент кога стопанството е на колена, многу болници се без амбулантни возила, и многу училишта имаат суштинска потреба за реновирање, ваквата одлука на Заев и Макрадули е економски штетна и неодговорна“, стои во статусот на пратеникот Милошоски.

Стопанството ќе плаќа нови непотребни вработувања

📣Заради пречестото добивање на многу датуми одеднаш, кои ЕУ, Брисел,…

Posted by Antonio Miloshoski on Friday, December 4, 2020

Тазе директорот на Македонска Пошта во демант испратен од „Македонска пошта“ стои дека не станува збор за нови работни места, туку за кадар кој и досега работел во Пошта, но под договор на определено време. Дополнително информираа дека овој оглас бил првично распишан во текот на месец февруари 2020, но не бил реализиран, следејќи ги насоките и препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) заради почитување на законските прописи, како и избегнување на било какво влијание во рамки на изборниот процес, стои во демантот за Милошоски од „Македонски пошти“.

Погоре објавениот документ е всушност јавниот оглас објавен на почетокот на оваа година, во месец февруари, за нови 280 работни места во Македонска Пошта на неопределено работно време, со потпис на тогашниот генерален директор Ејуп Рустеми.

Но, во две општини како што се Штип и Пласница веќе е започната изборна кампања, за вонредните локални избори во овие две општини. А во правилникот на Државната комисија за спречување на корупција за пред изборен период и период додека трае кампањата стои:

-„не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.“

-„Случаи на итни и неодложни работи“ се вработувањата на определено време заради: замена на отсутен работник поради подолго боледување или отсуство, смрт на вработен, изведување сезонски работи за кои однапред е утврден потребниот број на лица и се обезбедени средства со годишните програми, како и вработување на определено време на наставен кадар за непречено одвивање на образовниот процес.“

Како што може да се заклучи од последниот распишаниот јавен оглас за Македонска Пошта стои и градот Штип, односно Подружница  – ЦРПС Штип, ул. „Енгелсоба“, б.б. – Штип за работната позиција пошторазнесувач – 13 (тринаесет) извршители.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7