ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/4/20 4:30 PM

Трошоците за одложувањето на ОИ во Токио проценети на 2,8 милијарди долари

Цената на одложувањето на Олимписките игри во Токио од 2020 година во 2021 година изнесува околу 294 милијарди јени, односно 2,8 милијарди долари, пренесува агенцијата Анадолија.

„Дополнителните трошоци генерирани од 12-месечното одложување се предвидува да изнесуваат околу 170 милијарди јени, додека трошоците поврзани со мерките против коронавирусот се проценети на над 90 милијарди јени“, јави новинската агенција „Кјодо“, повикувајќи се на извори од организаторите на игрите.

Вкупните трошоци ќе бидат поделени меѓу главниот град Токио и јапонската централна Влада, вклучувајќи и околу 30 милијарди јени неодредени трошоци.

Олимписките игри во Токио требаше да бидат одржани во јули оваа година, но се одложени поради пандемијата, како и останатите спортски настани и натпревари низ целиот свет.

Олимписките игри се зажани повторно за наредната година во периодот од 23 јули до 8 авуст, додека Параолимписките игри ќе бидат одржани од 24 август до 5 септември.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1