ММС

Објавено на: 12/3/20 11:33 PM

Руската вакцина пристигна во Србија: Вучиќ најави и нови економски мерки

Апсолутно сум уверен дека ќе ја победиме короната и покрај ужасните денови кои се зад нас – изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ во вечерашното гостување во РТС. Тој нагласи дека гледа оптимизам во земјата.

Најави дека утре ќе биде отворена најголемата болница во српскиот ковид систем со 930 кревети, од кои 250 во интензивна и 680 во полуинтензивна нега. Претседателот истакна дека не разбира дека некој може да биде против лечење на болните и покажа фотографии од изгорени прекинувачи од болницата во Батајница, кои непознати сторители ги оштетиле со запалки.

Тој најави и дека од утре ќе бидат донесени нови економски мерки.

-Донесовме одлука да им се исплати по една плата на угостителите и хотелиерите, односно на вкупно 72 000 луѓе. Тие ќе добијат по една минимална плата, а исплатата ќе биде во следните десет дена. Одлучено е на 17. И 18. Декември вкупно 1 720 000 пензионери да добијат по 5 илјади динари, а од први јануари пензиите ќе бидат покачени за 5,9 проценти – појасни Вучиќ.

Претседателот објави и дека денес пристигнале руските вакцини и сите тие ќе бидат бесплатни, а вакцинацијата нема да биде задолжителна.

Експертите ќе ги испитуваат вакцините следните денови на белградскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“.

Вакцината Sputnik V веќе е во Србија, а вакцината на Фајзер и другите вакцини исто така ќе пристигнат во нашата земја – изјави Вучиќ.

 

Извор:        espreso.rs

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.