ММС

Објавено на: 12/3/20 4:27 PM

Битката со Ковид-19 ја доби 106-годишна Турчинка

Сто и шестгодишната Газале Туран од турскиот град Батман, која беше заразена со новиот вид коронавирус (Ковид-19), по 10-дневно лекување е отпуштена од болница, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Туран пред извесно време дошла во болница во Батман со различни симптоми, како отежнато дишење, вртоглавица и анорексија.

Таа била дијагностицирана позитивна на Ковид-19. Додека по 10-дневното лекување, 106-годишната пациентка победи во битката со Ковид-19, и е отпуштена од болница.

Туран упати благодарност до лекарите, и изрази радост што ја надминала оваа болест и покрај нејзината возраст.

Ерџан Туран, внук на 106-годишната Туран, истакна дека претходно неговата мајка, сестра и сопругата биле позитивни на овој вирус, а потоа симптоми се појавиле и кај неговата баба.

Како што рече, неговата баба е отпуштена од болница по 10-дневно лекување.

„Благодарение на лековите кои ги прими, почна да закрепнува. Моменталната состојба на мојата баба е добра. Исто така, добра е состојбата и на другите членови на семејството“, рече Ерџан Туран.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.