ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/3/20 2:57 PM

Адолф Хитлер убедливо победи на локални избори во Намибија

На локалните избори во Намбија е избран кандидат кој се вика Адолф Хитлер, пренесува германски „Билд“.  Адолф Хитлер Уунона (54), освоил дури 84,88 отсто од гласовите во дистриктот Опунџа во регионот Ошана, во северна Намибија.

Адолф Хитлер ја започнал својата политичка кариера во партијата СВАПО, со која победил на актуелните регионални избори. Тој за „Билд“ објаснил дека името му го дал неговиот татко, кој тогаш не разбирал кој точно  бил Адолф Хитлер .Вели дека, додека бил дете, името му било сосема нормално, се’ додека не пораснал и дознал кој точно бил Адолф Хитлер.

„Со сите тие работи што ги правел тој човек чие име го носам, јас немам никаква врска“, вели намибискиот Хутлер, кој во јавноста настапувал најчесто како Адолф Уунона, изоставувајќи го Хитлер.

Тој објасни дека името не може да се промени затоа што се наоѓа во сите негови официјални документи. „За тоа е сега доцна“, додал тој укажувајќи дека името Адолф во Намибија, поранешна германска колонија, не било ретко.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1