ММС

Објавено на: 12/3/20 12:22 PM

Мајка родила бебе кое само две години помладо од неа

Девојче по име Моли Гибсон постави рекорд за најстар замрзнат ембрион што резултираше со раѓање. Важно е да се напомене дека претходниот рекорд го држеше нејзината сестра Ема.

Ембрионот од кој се роди Моли беше замрзнат во 1992 година. На крајот на октомври оваа година, Тина Гибсон (29) ја роди Моли, скоро 27 години откако ембрионот беше замрзнат.

Нејзината сестра Ема е родена во 2017 година, од ембрион исто така замрзнат во 1992 година, заедно со Молина.

“Кога се роди Ема, бевме пресреќни. Исто е и со Моли, повторно поставивме светски рекорд”, изјави Тина Гибсон за Си-Ен-Ен.

Имено, Националниот центар за донирање ембриони дозволува да се усвојат ембриони, кои не биле користени за „ин витро“ оплодување, за да можат повторно да се користат.

Преземено од: https://www.b92.net/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.