ММС

Објавено на: 12/3/20 11:40 AM

Богдановиќ: Перо Антиќ беше поприлично возбуден поради мојот трансфер во Атланта

Најновото засилување на Атланта Хоукс, бекот Богдан Богдановиќ, вчера се обрати до медиумите преку видео-конференција, разговарајќи за својата одлука за трансфер во Атланта, неговите размислувања како слободен агент и реакцијата на поранешниот кошаркар на оваа франшиза, македонскиот некогашен репрезентативец, Перо Антиќ.

-Ова е перфектна ситуација за мене и покрај тоа што „free agency“ приказната беше стресна, возбудлива, луда, но со среќен крај, изјави Богдановиќ.

Дваесет и осумгодишниот српски репрезентативец, помина три сезони во Сакраменто Кингс во неговото прво НБА искуство и беше запрашан како го сфатил тоа што Кингси не ја „мечираа“ понудата за него.

-Откако Сакраменто не направи ниту еден потег во претсезоната, јас бев помирен дека ќе си заминам. Бев возбуден за Атланта, рече Богдан.

Српскиот кошаркар откри како неговиот поранешен соиграч во дресот на Фенербахче, македонскиот крилен центар Перо Антиќ, го охрабрил и поддржал во одлуката да потпише за Хоукси.

-Имав пријател што играше овде, Перо Антиќ. Играме заедно во Турција во Фенербахче. Тој беше лут што го напуштив градот Атланта тогаш. Но беше многу возбуден поради тоа што пристигнав тука и мислам дека ќе ми помогне многу, заврши Богдановиќ.

Покрај нашиот Антиќ и Трае Јанг, Данило Галинари и Клинт Капела му посакале добредојде во новата средина.

 

 

 

Извор:

eurohoops.net

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.