ММС

Објавено на: 12/2/20 6:14 PM

Денес наполни 47 години: Се сеќавате ли на Моника Селеш, некогаш првата светска тенисерка

Моника Селеш, некогаш најдобрата тенисерка во светот, денеска наполни 47 години. Родена е на 2 декември 1973 година во Нови Сад, беше југословенска репрезентативка, а во текот на фантастичната кариера освои дури 53 турнири. Родена е во унаграско семејство, а американско државјанство зеде во 1994 година. Девет години подоцна ја заврши кариерата. Но, кариерата практично и’ беше уништена во 1993, кога на турнирот во Хамбург беше убодена со нож во грбот од ментално болен, пренесува „Вечерњи,хр“.

Денес живее во САД, повремено е активна на социјалните мрежи и поставува по некоја своја фотографија. Ослабена е и тешко некој ќе ја препознае (слика горе).


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.