Колкава плата сакате?: Македонците најскромни, Хрватите најамбициозни, покажа регионално истражување
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/2/20 3:39 PM

Колкава плата сакате?: Македонците најскромни, Хрватите најамбициозни, покажа регионално истражување

Хрватите имаат највисоки очекувања за висината на своите плати – посакуваат повеќе од 1.100 евра. Нaјаниските очекувања, пак, ги имаат Македонците – просекот што го кажале анкетираните е 524 евра. Босанците очекуваат 809 евра, а Србите – 606. Во сите овие балкански земји очекувањата за посакуваната висина на плата се пониски кај жените и до сто евра.

Тоа го покажале резултатите од истражувањето што го спроведе српскиот сајт за вработување „Послови инфостуд“, кон кое се придружиле и партнерските сајтови за вработувањe од регионот – „Мој посао.ба“, „Вработување.ком.мк“, „Мој посао,хр“ и „Делогласник.си“. Во истражувањето, како што пренесуваат српски медиуми, биле опфатени повеќе од 5.000 испитанци.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7