ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/2/20 1:09 PM

МЗ и Секторот за оружје и експлозиви при МВР задолжени за резервораот со кислород во новиот ковид центар

Министертвото за здравство како и Секторот за оружје и експлозиви при  Министертсвото за внатрешни работи, се задолжени за создавање на оптимални услови за резервоар за кислород во новиот ковид центар во општина Карпош, односно „Мала Богородица“.

„Вчера имаше состанок во  просториите на Општина Карпош свикан на моја иницијатива инаку тоа не е наша обврска и работа. На состанокот бевме Општина Карпош, Министерство за транспорт и врски, Министертсво за здравство, Технички гасови, Министертсво за внатрешни работи и Секорот за оружје и експлозиви. Практично остана обврската дека Министерството за здравство, заедно со секторот за оружје и експлозиви и Технички гасови и Министертсвото за транспорт и врски, треба да го изнајдат решението како да се постави кислородната боца. Општина Карпош ќе биде на располагање за што и да има потреба за тој ковид центар и за кои било други ковид центри кои ќе се отворат на територија на Карпош“, рече градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.

За вчера министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски рече дека работни тимови на Министертсвото за транспорт и врски, заедно со Министертсвото за здравство и со одредени општини ќе дискутираат за издвање одобренија и дозволи за отворање на ковид центарот на приватните болниц.

„Денеска ќе имаме состанок на нашите работни тимови на Министертсвото за транспорт и врски, заедно со Министертсвото за здравство и со одредени општини каде што треба да се дискутира на оваа тема. Јас се надевам дека наскоро ќе има информации на оваа тема кои се значајни за ова прашање. За мене е важно дека во собрание ги донесовме законите за градење и ги олеснуваме сите постапки за поставување на монтажните ковид центри и болници. На министертсвото за здравство му дадовме можност уште една алатка како послесно да работи и да ги поставува ковид центрите со цел заштита на здравјето на граѓаните“, рече Бочварски како одговор на новинарско прашање, зошто МВР и Министертсвото за транспорт и врски 10 дена по Кризната состојба немаат издадено одобренија и дозволи за ковид центарот за приватните болници за да може да почне да прима пациентии кога ќе ги издадат потребните одобренија.

Г.Д

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7