ММС

Објавено на: 12/1/20 8:41 PM

Локалниот пат за село Ростуше утре затворен за сообраќај од 10 до 17 часот

Локалниот пат за село Ростуше утре во периодот од 10 до 17 часот ќе биде затворен за сообраќај поради асфалтирање.

-Асфалтирањето на патот, кој е од витално значење за сите граѓани на општина Маврово и Ростуше е во завршна фаза и доколку работите се одвиваат според зацртаната динамика целосно треба да заврши многу набрзо. Тој е во должина од над два километра, а со овој зафат се проширува на шест метри, наместо досегашните 3,5 до четири метри. Веќе е асфалтиран и центарот на Ростуше, кој сега доби нов лик, информираат од општина Маврово-Ростуше.

Проектот го финансира Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и е со вкупна вредност од 18.594.783 денари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.