ММС

Објавено на: 12/1/20 8:16 PM

Почина хирургот Владимир Кочоски од болницата во Струга

Струшкиот хирург, Владимир Кочоски почина на Скопските клиники од компликации предизвикани од КОВИД-19.

Информацијата за МИА ја потврди директорот на Општата болница во Струга Мухамед Асани, кој изрази жалење за големата загуба на својот колега и голем професионалец.

– Доктор Кочоски од КОВИД-19 се лекуваше во Струшката болница, потоа беше транспортиран на Инфективна клиника во Скопје, каде се лекуваше речиси три недели. По добивањето на негативниот тест за коронавирусот состојбата му се влошила и почина од компликации предизвикани од вирусот, изјави Асани.

Кочоски е првата жртва на КОВИД-19 од медицинскиот кадар во Струшката болница, а вчера од лекување од Скопските клиники се вратил доктор Зоран Костојчиноски дерматолог во Болницата.

Во Општата болница во Струга, како што информира директорот, во моментот дваесетина медицински лица се позитивни на КОВИД-19.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.